
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, бележи пораст од 3.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 3.1%.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.7%, додека пораст бележи кај Енергија за 1.0% и Капитални производи за 19.6%.
Споредбено, индустриското производство во периодот јануари-септември 2012 година, во однос на периодот јануари-септември 2011 година, бележи пад од 6,9 проценти.












