Вчера, во 15.20 часот, било пријавено дека покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и село Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска.

Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот бил локализиран.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.