Утрово во Охрид беше магловито. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во вечерните часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 10 степени.

На почетокот од новата работна седмица не очекува сончево време  со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура во Охрид ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне 10 степени.

Г.М.