Продолжува периодот на сончево и многу топло време. За денес синоптичарите најавуваат сончево и многу топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.  Kон крајот на денот во североисточните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 10.

Во Охрид сончево и топло со минимална температура до 19 и максимална до 34 степени.

Топлото време со високи утрински и дневни температури, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи до следната среда до кога ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.

OhridNews