Охрид Лоте ја забележа третата победа во серија откако на домашен терен со 2-1 го совлада фенерџијата Беласица.


По мирниот прв дел, страстите се разгореа во 51 минута кога гостите преку Лиманов дојдоа во предност. “Градежниците“ не ги исфрли од ритам погодокот, а по десетина минути игра се затресе мрежата на гостите. Стрелец на погодокот беше Стојкоски на додавање на Речкоски.


Комплетната офанзива кон голот на поранешниот чувар на охридската мрежа Кралевски, вроди со плод во 73 минута кога во казнетиот простор беше соборен Толески, за што Падешки заработи и црвен картон.  Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Толески за кого ова беше шести погодок сезонава.


До крајот на мечот , Бакулески со серија измени ја “умтрви“ играта и стигна до третата последователна победа која го смести тимот на Охрид Лоте во средината на табелата.

М.П.