Охридските ракометари ја забележаа втората гостинска победа, откако со 27-25 (10-12) го совладаа Младост во Богданци.


Победата над поранешниот суперлигаш и второпласираниот тим широко им ги отвара вратите за охриѓани кон суперлигата.

Натпреварот кој во целиот свој тек беше изедначен го одлучи добрата одбрана и контра нападите на Андоновски во последната минута.

Најпрецизен на мечот беше капитенот Трифуноски со седум постигнати гола, шест постигна Томоски, Андоноски пет, по четири дадоa Поп Стефанија и Николоски, додека еден постигна Ангелкоски.

М.П.