Општина Охрид успешно го спроведува Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието и ваквите проектни активности ќе продолжат и во иднина. Ова беше заклучено на денешната средба помеѓу претставници на Aмериканската агенција УСАИД, Локалната самоуправа и членови на Советот на општина Охрид.
На средбата се разговараше за реализирање на акциониот план и деталните акциони планови во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, редовната комуникација со тимовите, состаноци со координаторите и внесување на промените во годишните програми за работа во училиштата кои се вклучени во проектот.
OhridNews