Проектот започна минатата година и освен во Охрид, се спроведува уште во седум градови во Македонија: Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга, каде што живеат млади луѓе од повеќе етнички заедници, со различна култура, вера и обичаи.
Преку обука, едукативни работилници, спортски настани, поетски натпревари, младите од различните етнички заедници од овие градови, се запознаваат и учат како да придонесат кон подобрување на меѓусебните односи и како да ги прифатат меѓусебните разлики. Како младите треба меѓусебно да се почитуваат, како да бидат пријатели, зошто е потребно младите да комуницираат и да се дружат, зошто е потребно меѓусебно разбирање и соживот, без насилство и агресија без разлика на националност и верска припадност на средношколците- се основните цели на овој проект.
21-ен средношколец од овие градови, оваа година, веќе се обучени за самостојно да спроведуваат едукативни работилници меѓу младите, со своите врсници, во своите училишта.
Како што наведуваат од “СЕГА”, загрижуваат податоците од МВР, според кои минатата учебна година се регистрирани 57 случаи на насилничко однесување од страна на ученици средношколци. Во 42 случаи е примената физичка сила, во четири користен нож, а во девет други предмети. Притоа, еден ученик го загубил животот, а 68 меѓу кои и еден професор биле повредени, во училишниот двор или во училиште, најчесто каде учениците се од различен етникус.