Усвоена Информацијата за реализација на Проектот – Возобновување на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник, подготвена од Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство и беше дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот на одржаната седница на Владата.
Исто така, беше задолжено Министерството за финансии да обезбеди средства во висина од 50.000.000,00 денари во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 и 22.700.000,00 денари во Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година за реализација на Проектот, информираат од владината прес служба.
OhridNews












