Продолжува протестот на жителите на с. Враништа под слоганот „Протест против никого заедно за интересите на Враништа“. Жителите бараат изградба на нова канализациона и водоводна мрежа.
Цели 30 години мештаните на село Враништа опстануваат без канализациона мрежа преку изработка на септички јами кои само времено го одложуваат проблемот. Таквите јами се преполнуваат за само неколку години, при што мештаните се приморани да изработуваат нови, со што на тој начин, ги претвораат своите дворови во коплекс на септички јами. Бараме изградба на нова канализациона мрежа, велат од МЗ Враништа.
OhridNews












