Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески деновиве престојуваше во работна посета на Охрид, каде во тек се активности за расчистување на коритата на реките од езерското сливно подрачје,
-Коселска река на одредени места создаваше многу проблеми и затоа се расчистува нејзиното корито, како и коритата на другите реки што се влеваат во Охридското Езеро, со цел да се обезбеди поголем поток на вода односно да се спречи евентуално излевање на водата и поплавувње на околите објекти и земјоделските површини, рече Јанакиески.

Со Акцискиот план за расчистување на реките во Република Македонија што е во тек е предвидено расчистување на коритата на 25 реки, и тоа речни корита во вкупна должина од околу 300 километри.











