Продолжуваат активностите околу санацијата на оштетувањата на праисториските куќи од локалитетот Плоча – Миќов град во Заливот на коските кај Градиште информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.

Во наредниот период ќе се работи на поправки на оштетените делови, односно на подовите и ѕидовите од праисториските куќи. При посетата на музејот, самите посетители ќе имаат можност одблиску да се запознаат и со изведувањето на конзервацијата на куќичките, информираат од установата.

Конзерваторските активности се реализираат под раководство на Ванчо Димоски, конзерватор при НУ Завод и Музеј – Охрид.

Tековнотo одржување на локалитетот, како што претходно информираа од установата, е во наскока на обезбедување на подобри услови за сите посетители и зголемена безбедност на истиот.

Инаку, локалитетот Музејот на вода кај Градиште важи за најпосетуван локалитет, веднаш зад Самуилова тврдина.

OhridNews