Продолжуваат активностите на општинските јавни претпријатија „ Нискоградба“ , „Охридски комуналец“ , „ Градски гробишта“ и „ Проаква“ , кои по налог на Локалната самоуправа , ги уредуваат пешачките патеки на „Кеј Маршал Тито“.Се врши нивно чистење, се санираат оштетените делови, а просторот с еоплеменува и со нови садници цвеќе.
Во моментов се работи на потегот кај Средното угостителско-туристичко училиште „ Ванчо Питошески“ и хотелот „ Милениум“ , а во наредните денови предвидено е да се уредат пешачките патеки долж целата улица, од Центарот за култура „ Григор Прличев“ до хотелот „ Гарден“ .
OhridNews