Главниот претрес за случајот „Монструм“  , кој на 20 декември беше одложен откако судот го прифати барањето на адвокатите на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро да извршат увид во списите на предметот, продолжува денес.

Барањето за одлагање  адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, го поткрепи со образложението дека за  време на истражната постапка му било огранично правото за увид во доказите и дека истражната постапка се водела без него.

Во судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското езеро, познат како случај „Монструм“, се обвинети шест лица за тероризам.

Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се во бегство, а на обвинителната клупа седат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Според обвинението, убиствата ги извршиле Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Ообвинителка во случајот е Гордана Гешковска.
 
Убиството, според обвинението имало за цел да предизвика несигурност кај населението и да ја наруши безбедноста во земјава со предизвикување страв кај граѓаните.
 
На 12-ти април годинава без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

OhridNews