Денес во Струшкиот суд одново почна судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга, а беше одложено судењето за случајот со спомен плочата, поради здравствени причини на обвинителот кој го застапува предметот.

Со оглед дека веќе претходно беше донесено решение од колешката која го водеше предметот дека не се прифаќа приговорот бидејќи расправата почнува одново јас повторно ја донесов истата одлука бидејќи сметам дека има прекин на рокот на застареност. Од тие причини распрвата ја отворивме и понавме со изведување на докази.
Листата на сведоци, вели е обемна, но не значи дека во целост ќе бидат прифатени, додавајќи дека и во другите предмети имало обемна листа, но тој како судија кој раководи со предметот одлучува дали ќе ја проифати во целост или не. Нагласи дека нема да толерира непојавување на сведоците без оправдани причини, како што беше случајот со отсуство на двајца на денешното рочиште.
Тоа што беше дадено не сметам дека се оправдани причини и согласно Законот Судот може доколку смета дека сведокот одбегнува да се појави да искористи механизам за негово доведување во Судот, рече Јованов.
Во поглед на застарување на делото посочи дека засега нема таква можност со оглед дека апсолутната застареност е 2028 година.

Mерко, во судскиот процес кој почна во април минатата година се товари за злоупотреба на службена положба, поради набавката на четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои луксузен автомобил „Ауди А6“, со што го оштетил буџетот на Општината спротивно на начелата на законитост и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.
OhridNews











