За денес е закажано ново рочиште од судскиот процес за бродската несреќа на бродот “Илинден”.

Претходно, од страна на вештото лице Игор Ѓурков, од судот беше побаран дополнителен период за комплетирање на наодите од дополнителното вештачење на системот за управување со бродот “Илинден”. Од страна на застапникот на оштетената страна, пак беше побарано да се изнесе како доказ и преведи на германски јазик, правилникот за работа на бродскиот регистер- германски “Лојд “кој ја вршел техничката контрола на бродот “ Илинден”, како и да се провери дали постои посебно овластување издадено од страна на Владата на РМ на германски “ Лојд”, врз основ на кој бил извршен технички преглед на бродот и издаден сертификат во 2006 година.  

Бродот „Илинден“ потона на 5 септември 2009 година, на околу 300 метри од брегот на Охридското Езеро, во близина на авто кампот „Елешец“. Притоа животот го загубија петнаесет туристи од Република Бугарија.

OhridNews