Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со умерена облачност. Максималната дневна температура ќе достигне до 32 степени Целзиусови.


Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во недела ќе настапи дестабилизација на времето проследена со локално невреме на места, кое нема да донесе пад на температурите, кои и натаму ќе се движат над 30 степени Целзиусови.

Поради екстремно високите температури предизвикани од жешкиот пустински бран од Африка Институтот за јавно здравје повторно упати апел до работодавачите веднаш или што е можно поскоро, доколку тоа досега не го сториле, да направат проценка на ризик за секое работно место одделно во услови на високи температури и да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречат несаканите негативни последици врз здравјето на професионално изложените работници.

Посебно внимание мора да се посвети на тaканаречените чувствителни  групи работници – бремени жени, хронично болни, млади и оние што работат во неклиматизирани простории, информираат од Институтот за јавно здравје, потсетувајќи ги работодавачите дека заштитата на работниците е нивна законска обврска.


OhridNews