Околу 20-тина планинари поделени во две групи ја продолжија традицијата поминувајќи ја пеш Западната македонска трансверзала (ЗТМ) долга 240 километри. Стартот на ЗТМ е во Љуботен, а финишот е во охридското село Црвена Вода. Двете групи пристигнаа во Охрид здрави и живи, а успехот го заокружија со заедничка дружба.

  • Минатата година после завршувањето трансверзалата кое за мене беше прво искуство реков дека со нетрпение чекам да дојде следна година и повторно да бидам дел од екипата. Ветувањето или дадениот збор го остварив и еве не сите здрави и живи пристигнавме прво во селото Црвена Вода и сега покрај Охридското езеро во кампот „Извиднички“. Годинава бевме другарска екипа и пред се искусни планинари кои одевме по обележаната рута, но и скршнувавме малку со оглед дека секаде стигнувавме пред времето кое треба да се стигне. Посетивме 10-15 села повеќе од предвиденото и можам да кажам дека имавме ново и успешно искуство. – изјави Крумислав Јововски.

Трет пат во последниве четири години Зоран Тодоровски ја поминува македонската трансверзала. Искуството од планината и другарската хемија на едната група им дозволи простор за нова авантура односно посетување на села и планински врвови кои не се во рутата од ЗТМ.

  • После една година пауза се приклучив во екипата и успешно ја поминавме траса Љуботен – Охрид долга 225 километри. Ние се одвоивме од едната група и бевме во самостојна организација. Одлучивме да направиме поинаква рута од онаа обичната трансверзала која се помина од 1975 година. Вклучивме многу повеќе врвови од обично и можам да кажам дека поминавме одлично. Времето не послужи. Петтата ноќ се соочивме со страшно невреме со големи количини на дожд и грмотевици, но тоа е нормално кога цело време се движиш во висина од 2 300 метри. Другарството и блискоста помеѓу нас бидејќи се дружиме и приватно не само на планирање одигра клучна улога и ни даде сила во моментите кога беше тешко. – рече Зоран Тородорвски, кој по трет пат ја помина Западната македонска трансверзала.

Охриѓанецот Жанко „Зш“ Голабоски прв пат ја помина ЗТМ која е една од потешките на Балканот. Тој смета дека физичката подготвеност и психолошкиот аспект мора да бидат силни кај еден планинар за успешно исполнување на секој предизвик.

  • Со охридската екипа на планина сме учествувале на пократки трансверзали, но на ваква и од ваков вид прв пат учествувам. Непревидливот терен, на моменти лошите временски услови и големата висина ја прават трансверзалата посебна. Предизвик за секој планинар е да помине ваква трансверзала која една од потешките на Балканот. Она што можам да го кажам и посочам дека трансверзалата бара многу добра подготовка како физичка така и психичка. Ние тргнавме поголема група, но како што одминуваше време се откажуваа се поради не доволната физичка подготвеност и психата која игра важна улога во планинарањето. На секој планинар би му ја препочарал трансверзалата, но прво да поработи на подготвеноста. – истакна Голабоски.

Специјален гостин на ЗТМ беше Словенецот Дарио Кортезе, кој не ги криеше позитивните в печатоци од планината и другарувањето со останатите планинари.

  • Сето ова што јас го поминав заедно со планинарите не можам да го опишам со зборови. Едноставно треба да се доживее. Планината секогаш нуди возбуда, нешто ново и необично. Се радувам прво што бев поканет, а потоа што ја завршив успешно мисијата. Ќе заминам дома со убави спомени и ќе ги раскажувам на сите. – потенцираше Кортезе.

Шести пат во континуитет се поминува турата, а во 2017 година успешно ја завршија 22 планинари што преставува рекорд.

Мх.П.