Ноќта на 9 април, во 1:30 часот, во ОВР Струга пријавено бил пожар на крајбрежието на Охридското Езеро, покрај патека која од Струга води кон селото Калишта.

Пожарот бил државно земјиште со трска и нискостеблеста вегетација. Повредени лица нема а интервенирала територијалната противпожарна единица од Струга.

Посочениот случај е последен во низата пожари што периодов се случуваат на охридско-струшкото крајбрежје во кои гори трска која е природно живеалиѓте на голем број риби, птици и друг жив свет.

OhridNews
Фото: Архива