Веќе трет ден екипите на „Јавна Хигиена“ и „Јавно Зеленило“ интензивно работат на повеќе локации за уредување на зелените површини во градот и приградските населби.
Како што информираат од охридското јавно претпријатие „Комуналец“, акцијата следи по иницијатива на локалната самоуправа, а во соработка со другите јавни претпријатија од градот.
Со оваа акција се коси ниската вегетација, се кастрат гранките, се метат површините и се подига отпад од улицата „Кузман Капидан“ во стариот дел на градот, просторот околу МЈП„Проаква„ -Охрид, потегот од магистралниот пат Охрид-Св.Стефан и селото Пештани.
OhridNews