Универзитетот за Информатички Науки и Технологии Св. Апостол Павле се приклучи кон „Cyber defence“ практикумот, организиран во соработка со Унивезритетот Норвич во Вермонт- САД, а во кој се вклучени и други реномирани Универзитети од целиот свет. Основна цел на овој настан е да се научат студентите како да се реагира и работи при одбрана или напад на компјутерските мрежи во реалниот свет.

Целиот настан ќе трае шест недели, период во кој студентите ќе учат, работаат заедно со други студенти од целиот свет преку современа WebEx комуникација и ќе се обучуваат како да бранат или напаѓаат компјутерски мрежи, користејќи најсовремени компјутерски алатки.

Денешната WebEx конференција беше отворена од страна на Проректорот за настава и меѓународна соработка при УИНТ, Доц. Д-р Устијана Речкоска Шикоска, во име на Ректорот на УИНТ, Проф. Д-р Данчо Давчев и целиот тим на Универзитетот, Деканот при Норвич Универзитетот Проф. Д-р Frank Vanecek и Проф. Д-р Peter Stephenson, кои им посакаа на студентите голем успех на овој особено значаен меѓународен настан.

Тројца студенти од УИНТ претставници од Студентскиот Парламент, веќе студираат на Норвич Универзитетот во Вермонт, САД, за овој семестар 2012 година, а секој следен семестар, различни групи на студенти од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе имаат можност да студираат на Норвич Универзитетот.

Се очекува група на студенти и професори од Норвич Универзитетот во САД во септември да пристигнат и во Охрид и да студираат на Универзитет Св. Апостол Павле“ .

OhridNews