Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Кирил Трендафилов – Нанче, носителот на листата за советници, г-дин Борис Стефаноски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид како и дел од кандидатите за советници, синоќа остварија средба со жителите на населбите Стар Град и Билјанини извори, информираше партиската прес служба.
На средбата што се одржа во Стар Град, кандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов – Нанче покрај на останатите теми, акцент стави и на „Туризмот како развоја можност на градот“, тема која предизвика големо интересирање кај присутните. Исто така на присутните им се обрати пратеникот во македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Владо Стефаноски.
Средбата со граѓаните во населбата Билјанини извори се одржа кај АМСМ. На собирот покрај Кирил Трендафилов – Нанче, зеде збор и кандидадот за советник од листата на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, г-дин Дејан Пановски, кој истакна дека очекува голема поддршка за Листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ, за кандидатот за градоначалник од оваа партија, Кирил Трендафилов – Нанче и за кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Ѓорге Иванов, информираше партиската прес служба.











