На територијата на Општина Охрид се одвиваат активности за санација на јавните површини. Деновиве се започна со санирање на оштетувањата на плочките низ чаршијата, информира на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.
Истотака се врши и уредување на јавниот простор на кружниот тек на „Туристичка“ со пресекот на улицата „Македонски Просветители“. Понатака се врши уредување на просторот кај кружниот тек на пресекот од „Туристичка“ со улицата „Стив Наумов“ од двете страни, стои во објавата.
Претходно активности за санација беа реализирани на пешачката патека Студенчишта – хотел Парк и на плоштадот кај музичкото училиште, а беше најавено и санација на пешачката патека Канео – Лабино.
OhridNews