
Поради утврдените неправилности во сите случаи на даночните обврзници им е изречена парична глоба во противвредност на 3.250 евра и мерка за времена забрана за вршење на дејност од 15 дена.
Претходно, во текот на месец септември поради неиздавање на фискални сметки и прикривање на реалниот готовински промет на ниво на општина Охрид поради непочитување на законските одредби казни им беа изречени на девет даночни обврзници.
Од УЈП најавуваат дека редовните контроли во делот на фискализацијата продолжуваат и во наредниот период , при што се контролираат сите даночни обврзници, неселективно и без разлика на дејноста.
Т.К.











