Викендов, од страна на непознат сторител во кичевското село Цер, насилно бил отворен прозорецот на црквата Св.„Никола“ и биле одземени 12 ненумерирани икони. Од страна на Полициската станица во Кичево се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Оваа е втора кражба во земјава во текот на последните две недели. Неодамна непознати сторители од црквата „Св.Никола„ во струшкото село Радожда одзедоја 12 икони кои потекнуваат од 19 век како и еден сребрен крст со постољје. Материјалната штета, на бесправно однесените икони, кои се дел од културно-историското наследство, беше проценета на 1.800.ооо денари.












