Како што информираат од јавното претпријатие „Охридски комуналец“, во текот на изминатиот ден украдени биле околу 30 садници очиња и кранфилчиња од градскиот парк пред хотел „Ривиера“ и пред Центарот за култура „Григор Прличев“.

– Штетата од страна на екипите на „Паркови и зеленило“ веднаш е санирана и засадени се нови садници, но загрижува фактот што оваа појава континуирано се повторува и се деградираат градските паркови и  цветните катчиња, велат од јавното претпријатие.

Оттаму со апел до надлежните служби за поголема присутност и надзор над зелените површини, а до граѓаните за поголема грижа кон зелените површини и повисока еколошка свест.

OhridNews