Како што информираат од министерството за внатрешни работи, украдените икони предходно биле регистрирани во Заводот за заштита на културни споменици. При тешката кражба одземени се и 7.000 денари кои биле оставени во црковната каса.Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителите со употреба на погоден предмет насилно ги искршиле двата катанци од влезната врата на црквата, влегле внатре, ги одзеле горенаведените предмети и пари и незабележани од никого го напуштиле лице местото.
Оваа кражба е само една од низата кои се случуваат во црквите низ земјава. Во изминатите три години од црквите во струшко се украдени 70 икони. Вредни предмети исчезнаа и од дел од црквите во Охрид и охридско.
Според информациите од Управата за заштита на културното наследство од земјава досега се однесени преку 20.000 вредни икони, артефакти и други исклучително значајни сакрални предмети.