Во тешка кражба извршена во црквата „Св. Атанасиј“ во струшкото село Вишни одземени се четиристотини денари, информираат од СВР Охрид.

Засега непознат сторител, кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец, со употреба на подесен алат ја оштетил бравата од влезната врата и со физичка сила успеал да ја отвори и да влезе во црквата. Извршил пребарување во објектот, противправно ги одзел парите во разни апоени оставени пред иконите, по што избегал од местото. Полициската станица од Струга по извршениот увид презема мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело.

Црквите во струшко веќе подолг период се на мета на крадците. Претходно од црквата „Св.Димитрија“ во струшкото село Октиси при кражба беше одземен бронзен свешталник.

OhridNews