Со мечевите помеѓу Пари Сент Жермен – Реал Мадрид и Ливерпул – Порто започнува втората фаза во осминафиналето во Лигата на Шампиони.

Целото внимание вечерва ќе биде насочено во Париз, каде екипата на ПСЖ ќе ја надохнадува негативата (3-1) од првиот меч одигран пред две недели на Сантијаго Бернабеу стадионот. „Светците“ на дуелот ќе настапат без Нејмар кој се повреди и ќе паузира два месеци од фудбалот.

– Треба да сме подготвени и за неочекуваното. Наша задача ќе биде да се фокусираме и да одиграме одличен натпревар во рамките на 90 или повеќе минути. Отсуството на Нејмар нема значење за нас, бидејќи на негово место ќе има друг фудбалер кој ќе сака да покаже на што е способен. Недостатокот на Нејмар може да промени нешто во играта, но не и нашата подготовка за тоа. – изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

И составот на „кралевите“ имаше одредени проблеми со повредите, а предводникот на Париз, Унаи Емери посакува сите да се судри со најјакиот Реал Мадрид.

– Ова нас ни е најважен меч сезонава и затоа сакам да играме против најдобриот тим на Реал Мадрид. Отсуството на Нејмар нема да ги намали нашите амбиции и цели, туку ќе го зголеми апетитот и желбата за играње. – изјави Емери.

„Црвените“ од Енфилд на реваншот пред своите гледачи рутински ќе треба да ја одработат задачата против Порто, бидејќи првиот меч на Драгоа го добија со 5-0.

OhridNews