По еднонеделното одложување по „аминот“ од МВР комесарот за натпревари во ФФМ за утре го закажа дуелот Тетекс-Напредок, а за в четврток Шкендија – Вардар. Поради преветивната одлука на МВР поради инцидентните меѓуетнички судири, беа одложени натпревари во Тетово од 20. прволигашко коло.


Па така Тетекс утре ќе му биде домаќин на Напредок, а в четврток на истиот стадион ќе се одигра дербито меѓу актуелниот шампион Шкендија и лидерот Вардар.

Натпреварот меѓу Шкендија и Вардар е прогласен за меч од висок ризик, и клубовите сами ја преземаат одговорноста и безбедносните гаранции кои мора да ги спроведат.

Ohridnews