Во среда со почеток во 14 часот ширум терените во нашата земја ќе продолжат натпреварите од Првата македонска фудбалска лига. Првото коло од втората полусезона ќе донесе една мега пресметка помеѓу есенскиот шампион Шкендија и бранителот на трофејот, Вардар и соседско дерби помеѓу Победа и Пелистер. 

Шкендија составот на Вардар во дерби средбата ќе го пречека на домашен во терен Тетово. Со триумф тетовчани ќе создадат двоцифрена предност на табелата и во голема мера ќе го решат шампионот во првенство. Реми го остава Вардар во игра, а победа комплетно ќе го врати актуелниот првак во одбрана на титулата.

Пелагониското дерби помеѓу Победа – Пелистер ќе се одигра во Турново на „Кукуш“ стадионот и ќе го изгуби целиот шмек, бидејќи двата клуба имаат неверојатна поддршка од навивачите во овие мечеви. Сепак, далечината нема да биде пречка и вистинските симпатизери ќе ги бодрат екипите без разлика каде се игра натпреварот. 

Двојки 19.коло: Шкендија – Вардар, Силекс – Скопје, Работнички – Ренова, Шкупи – Академија Пандев, Победа – Пелистер.

Табела: Шкендија 46, Вардар 38, Силекс 31, Академија Пандев 25, Работнички 23, Шкупи 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10.

OhridNews