Режимот за движење во НП Галичица продолжува и месецов согласно информацијата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со која забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.

Посетителите можат да ја регистрираат својата посета и да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот. Во оваа насока треба се пополни пријава во електронската форма, по која би се добилa автоматска е-мејл потврда, која треба да се зачува и да се прикажете на овластено лице доколку биде побарана, информираат од НП Галичица.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра.

OhridNews