ФК Охрид 2004 доби известување дека по завршувањето на  натпреварувачкиот дел од шампионатот, трошоците за користењето на услугите на СРЦ “Билјанини Извори“ ќе мора сами да ги подмират по ценовник од ЈП “Билјанини Извори“  донесен од Управниот одбор на ова претпријатие.



Од ФК Охрид сметаат дека тендезциозно се работи за срушување на клубот. – Не сакавме да помислиме дека тоа е интенција за растурање на клубот, кој е есенски првак. По завршувањето на шампионатот, не ни е дозволено да тренираме на помошните терени на “Билјани Извори“. Директорката на ЈП треба да биде сервис, а не да потекнува девијантни појави и неспортски работи, кои се во склоп на спортскиот центар. Подршка имаме од градоначалникот Петрески, и со сигурност тврдам дека тој не е запознае со случувањата бидејќи никогаш во нашите разговори не станало збор за забрана за користење на спортските терени. Ние како ФК Охрид, три недели ги користевме соблекувалните во поттрибинскиот простор на стадионот и во тој период , ги оспособивме бојлерите, чешмите, а тоа може да го потврдат и вработените кои таму работат. За сите работи кои се случуваат на релација ЈП – ФК Охрид, ние ќе ги запознаеме преставниците на градскиот совет – истакна тренерот на ФК Охрид 2004 , Зоран Ѓорески.

Од ЈП Билјанини Извори тврдат, дека во согласноста која ја добил фудбалскиот клуб не влегува зимскиот период, во кој вообичаено се подготвуваат екипите. 

Согласноста на Градоначалникот е за користење на терените за натпреварувачката 2010-2011 сезона , по консултациите со локалната самоуправа оваа пауза во овај временски период не влегува во оваа согласнот и  од таа причина јас им пратив известување на сите екипи кои ги користат услугите на јавното претпријатие. Во него напоменав дека во овај период за време на пауза, локалната не ги превзема нивните трошкови и затоа да изнајдат начин со кој ние како јавно претпријатие ќе бидеме обештетени. За жал тие не најдоа начин да се договориме, во нашето претпријатие има човек од локалната самоуправа со кого можеа да разговараат и да најдат заеднички јазик, доколку локалната ги покрие нивните трошоци за тренинзи во подготвителниот период  , за мене нема проблем– вели директорот на ЈП Гордана Јованоска.

Ваквиот однос кон есенскиот првак , е директен удар  кон спортот, а овај проблем не е првиот со кој се соочиле “рибарите“, вели спортскиот директор Гоце Маркоски.

Ние во текот на целата полусезона се соочуваме со проблеми, а за ова што се ни случува сигурен сум дека Градоначлникот не е` запознаен.  Ние имаме спогодба за натпреварувачката 2010-2011 сезона, таа и е доставена на директорката, за користење на терените, на помошните игралишта за тренинзи и играње на натпревари на главниот терен и оваа спогодба е до крајот на сезоната. Не знам од каде сега ова известување, според кое ние кога ќе ги започнеме подоготовките на стартот на јануари ќе треба да плаќаме и тоа се до стартот на пролетниот дел на почетокот на март.

Маркоски има забелешки на работата на директорот на ЈП“ Билјани Извори“ и смета дека работите тука мора да се променат. 

Ние со нашите резултати, ја вративме публиката, видовте на последниот меч со Охрид Лоте беше празник на фудбалот, по долги години постигнавме успех, а некој сака тоа да го растури, но нема да успее ние сме цврсти и едниствени и ќе го запознаеме Градоначалникот Петрески за оваа ситуација. Ние по секој тренинг потпишуваме заклучница според која тие потоа добиваат надоместок од локалната самуправа. Овде треба да се стави некој менаџер кој успешно ќе го води центарот, а  не да чека само со нашите тренизи, а потоа ние  да имаме проблеми – вели спортскиот директор на клубот Гоце Маркоски.

Директорот на ЈП “Билјанини Извори“ Гордана Јованоска, смета дека до стартот на подготовките има се уште простор и дека на заедничка маса може да се договорат деталите.

 

М.П.