Продолжуваат обуките за Е- даноци кои ги спроведува Управата за јавни приходи. Како што информираат од УЈП, Во Охрид обуката ќе се одржи на 16- ти октомври во Даночното одделение, а во Струга на 24- ти октомври.
Освен во Охрид и Струга, во текот на октомври,во организација на Даночната академија, обуки ќе се одржат и во останатите поголеми градови низ земјава.
Пријавите за обуките кои се без финансиски надоместок, може да се извршат најдоцна два дена пред одржувањето. Наменети се за правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа, а на нив ќе бидат презентирани практични примери и дел од регулативата за користење на е-услугите на Управата за јавни приходи.
OhridNews