Со натпреварите меѓу Рома – Реал Мадрид и Гент – Волфзбург вечерва продолжуваат осминафиналните мечеви во Лигата на Шампиони кои започнаа синоќа.


„Кралевите“ на дуелот со римјаните ќе наплаќаат сметки од минатото. Пред осум години фудбалерите на Реал токму од денешниот противник беа елиминирани во осминафиналната фаза.

Рома, пак, со новиот тренер на клупата Лучијано Спалети сака што подолг престој во елитата, а за тоа им потребна победа против разиграните „кралеви“.

Еден од послабите мечеви во нокаут фазата (Гент – Волфзбург), барем по имињата на противниците ќе биде во сенка од дерби средбата на Олимпико.

OhridNews