Претежно сончево и многу топло време со слаб ветер од северен правец, ќе се задржи денеска. Доцна попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

УВ зрачењето ќе биде високо и ќе достигне индекс 8.


Топло време со повремени освежувања од дожд во попладневните часови не очекува и во наредните три дена кога живата во термометарот на места ќе се искачи и до 38 степени Целзиусови.

OhridNews