На кино репертоарот во Центарот за култура ќе продолжи да се прикажува филмскиот хит „ Овде и таму“, комедија- драма во режија на Дарко Лунгулов, во главните улоги со Дејвид Тортон и Мирјана Карановиќ.

Кино проекции ќе има во вторник 30-ти април и во четврток 2-ри мај, со почеток во  20  часот.

„Овде и таму“ е прогласен за најдобар филм со Србија во 2009 година, а има освоено и 16 интернационални награди на преку 50 фестивали ширум светот. Се прикажувал во Германија, Австрија, Турција, Грција и во многу други европски дежави. Во САД бил прикажан во 24 градови за време на 4 месеци, а доби одлични критики од познати списанија како „Њујорк тајмс“, „Холивуд Репортер“.

OhridNews