Вечерва во Скопје продолжија протестите против Договорот помеѓу владите на Македонија и Грција за решавање на спорот за името.
На протестот се пеат патриотски песни и се извикува името на претседателот на државата, јавуваат медиумите.
Инаку полицијата денеска приведе десет лица осомничени за инцидентите на синоќешните протести во Скопје, кога беше фрлен молотов коктел кон полицијата, кој не се запалил, како и повеќе стаклени шишиња и шок бомба.
Протестите се во организација на повеќе граѓански здруженија и навивачки групи.
OhridNews