Над седумдесет странки денеска остварија средба со стручните служби на Секторот за урбанизам при Локалната самоуправа, во рамки на најавените средби кои се одржуваат секој вторник во општинската зграда.
Граѓаните имаа можност да се консултираат, да добијат стручно мислење, појаснување, упатства и насоки за секој предмет пооделно од сферата на урбанизмот.
Следната средба меѓу граѓаните и стручните лица од локалната самоуправа ќе се одржи на 19- ти ноември, вторник, од 9 до 15 часот.
OhridNews