Во Основниот суд во Струга денеска продолжуваат судските процеси против градоначалникот Рамис Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта во Општина Струга.

За предметот за ОУ „Браќа Миладиновци“ Мерко се товари за незаконско поставување на Албана Жута за в.д. директор и директор на училиштето иако не исполнувала услови, односно не била назначена од редот на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик.
Сведоците во овие случаи, кои поради, според судечкиот судија Јордан Јованов, неоправдани причини не се појавиле на претходните судења денеска треба да бидат спроведени со полициска асистенција.
OhridNews











