Чествувањата по повод празникот на патронот на градот – Св. Климент Охридски, продолжуваат денеска на пладне со Фолклорна смотра на ансамблите од Југозападниот регион, што ќе се одржи во НУЦК „Григор Прличев” (голема сцена).
Во 18:00 часот ќе биде отворена самостојна изложба на уметнички слики од охридската уметничка Јана Маркоска – Наумовска во галерија „Охридска порта Љубица” (во непосредна близина на плоштад Вангел Наумовски).
На 8-ми Декември во 10:00 часот предвидено е поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон”- Плаошник. Во 11:00 часот ќе биде ппложено свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во ООУ „Свети Климент Охридски” (училиштен двор), а во 12:00 часот пред момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад каде ќе бидат врачени наградите за најдобрите поетски творби на ученичкиот литературен конкурс по повод празникот на градот Охрид.
Во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Охридско секојдневние” од охридската фотографка Нина Ангелоска во Куќа на Уранија.
Чествувањата ќе бидат заокружени утре вечер со свечена академија што ќе се одржи во црквата Света Софија со почеток во 19 часот, на која ќе бидат врачени наградата и повелбите “Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид “.
Г.М.













