На стрелиштето во Битола, членот на Стрелачкиот клуб Охрид Јована Милевска го потврди својот потенцијал победувајќи во категоријта јуниорки со огромна предност пред ривалките, додека нов медал со златен сјај од сениорска конкуренција донесе Михаил Шишкоски.

Милевска со испукани 611,8 круга беше неприкосновена на врвот. Таа заврши со предност од 27,8 кругови пред конкурентите. На четвртата позиција во истата категорија се пласираше Ива Маленко а на шестата заврши Марија Ванѓелоска. Деби со финиш на деветто место имаше Калина Чепуњоска.

Во јуниорска категорија Кристијан Џепароски заврши со на третото место а Шишкоски ја продолжи доминацијата кај сениорите завршувајќи на првата позиција. Кај сениорките Јана Маркоска се пласираше на третата позиција а четврта финишираше Мартина Петровска.

До крајот на сезоната на охридските стрелеци ги очекуваат уште пет натпревари со меѓународен карактер и еден Куп натпревар.

OhridNews