Драмското студио „Цвет 75“ денес, четврток, во просториите на Институтот за филм во Охрид во 19 часот, премиерно ќе ги прикаже своите три кратки филма. Филмовите се создадени од членовите на драмското студио, во кое учествуваат деца на возраст од 8 до 12 години. Присутните ќе имаат можност да ги проследат филмовите: „Натпревар“-работен по заедничко сценарио, „Цртежи“ по сценарио на Надица Петреска и „Концерт“ по сценарио на Сара Петкоска.

Учествуваат: Сара Петкоска, Марија Јанкоска, Лина Боцеска, Мила Милошеска, Анастасија Србиноска,Теона Глигороска, Теона Коровеш, Маја Коровеш, Ивана Велкоска, Бисера Попаѓоска, Ева Тутурска, Хана и Семра Хасим, Надица и Наум Петрески, Димитар и Клименр Велскоски, Ева и Ана Бимбилоски.

Сценариото, режијата,изборот на музиката, глумата, монтажата е нивно дело во овие филмови, под раководство на Драгана Боцеска.Темите во кратките филмови се од десткото секојденевие поврзани со дружењето, детските проблеми, но и желби и потреби за прифаќање во околината. Тие се искрени со доза на хумор го пренесуваат својот поглед на реалноста.