Во рамки на програмата на Кино „Четврток“ во Охрид на 5 март ќе се одржи проекција на документарниот филм „Третиот свет“ посветен на легендарниот бенд Haustor и креативниот однос меѓу две значајни авторски личности – Дарко Рундек и Срѓан Сахер.

Режијата е на Арсен Оремовиќ, а филмот претставува и документ за едно културно време што повеќе не постои, но продолжува да живее преку музиката.
Проекцијата ќе се одржи во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“), со почеток во 20:00 часот, додека вратите ќе бидат отворени од 19:30 часот. Влезницата изнесува 200 денари, а местата се ограничени. Билетите се достапни во Shilla – coffee & bar.
Проекцијата се реализира во организација на „Културолошка иницијатива 5 до 12“, како дел од континуираната програма на Кино „Четврток“, која има за цел да донесе квалитетна и релевантна филмска содржина пред охридската публика.
OhridNews











