Проект на полуматуранти стана дел од Меѓународен научен труд
28.06.10 07:05
Охридските полуматуранти Никола Таштаноски и Бранка Бунташеска изработиле проект за заштита на охридската пастрмка, кој влегол во составот на Меѓународниот научен труд посветен на ендемичните форми на организми. Младите научници оваа проектна задача ја работеле во рамки на предметот биологија, како дел од редовните активности и проектни програми на Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид.
Поради големата посветеност и исцрпната истражувачка работа, проектот на овие успешни ученици, од страна на Хидробиолошкиот институт од Охрид бил оценет како научен труд, со што добил можност да учествува на Првата меѓународна конференција за заштита на ендемичните видови, поддржана од ЦОМБАФФ, која се одржа лани во Охрид. Како резултат на таа конференција е објавен научен труд, во чии рамки е застапен и овој проект.
– Првпат се случува проект на деца од основно училиште да учествува на една ваква меѓународна конференција. На оваа конференција со свои проекти учествуваа експерти, научници и професори од Полска, Србија, Норвешка, Франција, Турција, Хрватска, Бугарија и од Албанија, а нашиот проект беше единствениот меѓу нив што беше изработен од ученици – вели менторот Зора Ѓороска, професор по биологија.
Таа со големо задоволство зборува за успехот на своите ученици, кои, како што вели, се гордост не само за училиштето туку и за Охрид и за Македонија.
– Јас бев пресреќна и ми претставуваше голема чест и гордост да работам со вакви ученици. Децата, иако имаат само 14 години, беа толку посветени, одговорни и што е најважно – успешни во реализацијата на проектот, за што може да им позавидат и студентите на универзитет и голем број научни работници – вели Ѓороска.
Никола и Бранка, објаснувајќи ги деталите за изработка на проектот, нагласија дека со овој проект сакале да дадат еден свој придонес за подигање на јавната свест за изумирањето на охридската пастрмка.
– Охридската пастрмка и наше учество во нејзината заштита е проект кој е заснован на комплетно научно истражување, кое го направивме сами и се разбира со помош и средства на Хидробиолошкиот институт. Во рамки на активностите од проектот, освен во теоретскиот дел, имавме многу и практична и теренска работа. Се следеше целиот процес на животот на пастрмката, нејзините карактеристики, од почетокот на мрестот, па се’ до порибувањето на езерото со неа. Истражувањето се одвиваше во период од неколку месеци интензивна и посветена работа – вели Никола.
Тој објаснува дека иако изработката на овој проект му одзела голем дел од слободното време, постигнатиот успех е голем мотив за уште поголеми ангажмани во понатамошното образование.
Покрај истражувањето, во рамки на проектот била направена и едукативна кампања за заштита на охридската пастрмка.
– Со помош на училиштето и на неколку институции од градот, изготвивме пропаганден материјал и постери со едукативна содржина што им ги доделувавме на граѓаните. Исто така имавме и предавања на кои ги запознававме нашите соученици од петто до осмо одделение со охридската пастрмка. Тоа во суштина и беше и целта на проектот, зашто во наставните програми за биологија нема изучување на ендемичните видови како посебна наставна целина. Ние сметавме дека децата треба да се запознаат само со основните работи карактеристични за Охридското Езеро, односно да се запознаат со карактеристиките на охридската пастрмка– вели Бранка, нагласувајќи дека изработката на овој проект е едно големо искуство за неа.
Со една координирана интер-секторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во врска со ден...
Амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас денес оставри посета и на Планинската спасителна служба во Охрид каде одблиску се запозна со инфраструктурата, опремата и човечките ресурси со кои расп...
Општина Охрид, во согласност со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување усвоен од Владата на Република Македонија, објави јавен повик за работно ангажирање на невработени лица ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.