Кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со презентација на проектите од својата програмата на социјалните мрежи.
Денес го најави проектот за реконструкција на дел од магистралниот пат Охрид – Битола до црква „Св. Недела“ – Косел кој, како што посочи, е дел од приоритетните проекти за наредниот мандат.
Покажавме дека можеме да реализираме големи и значајни проекти. Со оваа реконструкција добиваме модерна, уредена и безбедна сообраќајница. Охрид не запира повеќе!, вели Пецаков.
Н.С.Ј.