Одржливо искористување на заштитените растенија и зачувување на автохтониот свет на Илинска и Плакенска Планина, односно Белчишкото блато, се само дел од активностите предвдени во проектот „Поврзување на луѓето со природата, зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ кој го спроведува Македонското еколошко друштво од Скопје во соработка со Plan Live International од Велика Британија, а во кој како партнер директно се вклучува Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид.
Главната цел на овој ИПА проект е вклучување на македонските граѓани како волонтери во заштитата на природата, односно спроведување на европските реглутиви за зачувување на мрежата „Натура 2000“.
„Таа е мрежа од заштитени подрачја, која што пред влегување во Европската Унија, треба да ја дизајнираме и спроведеме како што е имплементирано во другите европски земји. Проектот е веќе отпочнат, а истиот треба да заврши до август 2015 година. Се спорведува на подрачјата Осогово, Шар Планина, Пелистер, Илинска и Плакенска Планина.“ – вели Ѓорo Зороски од Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид.
Главните активности во дебрчкиот регион ќе бидат поврзани со едукација за Белчишкото блато, односно со зачувување на автохтоните сорти круши и јаболка преку нивно калемење.
„Тоа се воглавно активности кои ќе бидат спроведени на терен. Главна цел се растенијата од заштитен вид, како истите одржливо да се икористуваат од населението. Исто така, предвидена е активност за соработка со општините од регионот, како општина Дебрца, потоа посетување на Илинска и Плакенска Планина, односно организација на различни настани.“ – додава Зороски.
Kaко што тој објаснува, меѓу зацртаните цели е и јакнење на свеста кај населението, како во иднина собирачите на растенија одрлживо би ги искористувале одредени видови.
„Постојат растенија кои се искористуваат неодржилво. Собирачите на растенија истите ги искористуваат, повеќе од капацитетите за нивна регенерација.“ – објаснува Зороски.
Според него, локалното население во суштина ќе има само корист од заштитените подрачја, а не обратно.
„Доколку некоја област е заштитана, локалното население не треба да стравува дека на истата нема да смее да преземе никакви интернвенции, или пак дека ќе им биде оттуѓен имотот. Во суштина ова е афирмација на волонтерски активности од страна на љубителите на природата.“ – завршува Зороски.
O.T.