Со потишување на Договор помеѓу финансиерот ГИЗ и општината Бучимас, вчера, стартуваше проектот за заштита и реставрација на блатото Дрилон, Албанија, како дел од проектот за конзервација и одржливост на биодиверзитетот на езерата од Дримскиот Басен, Охридско, Преспанско и Скадарско. Овој проект е идејно активиран од страна на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро.

“Дрилонското блато се наоѓа во близина на популарна туристичка дестинација во Поградец и новата инфраструктура во него ќе биде развиена со цел да се заштити истото и да биде од интерес на обичните но и еколошки настроените туристи. Тоа исто така ќе служи и за развивање на свеста на пошироката јавност за заштита на биодиверзитетот и да се даде нова вредност на туризмот на Охридското Езеро”.-рече Мероли.

„Ако можеме вака заеднички да сработиме за зачувување на природните филтри- блатата, ако можеме заеднички да го сработиме и заеднички го добивме Дримскиот Проект, тогаш верувам дека ќе можеме да развиеме и заедничка заштита и управување со рибниот фонд во Охридското Езеро и заедничка туристичка промоција на регионот во интерес на економскиот развој и придобивки. Само така можеме напред“-изјави Пановски.
Инаку, на 24-ти ноември во Охрид беше отпочнат проектот за заштита на Студенчишкото блато како еден од природните филтри за квалитетот на водата во езерото и пребивалиште на ендемичен жив свет. Тој проект е исто така дел од поширокиот проект за биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен.











