Реал Мадрид го продолжи походот кон Барселона во Ла Лига откако славеше против Гранада во 23-та рунда со 2-1.


„Кралевите“ до трите бодови на незгодно гостување стигнаа со проектил погодок на Лука Модриќ во 85-та минута од натпреварот.


Претходно, гостите од Мадрид преку Карим Бензема во 30-та минута поведоа со 1-0, а домаќините по еден час игра го изедначија резултатот.


Модриќ со фантастичниот погодок вреден три бода се изваде за киксот кој го направи при погодокот на домашниот состав.

Резултати: Леванте – Барселона 0-2, Бетис – Валенсија 1-0, Селта – Севиља 1-1, Гранада – Реал Мадрид 1-2.

Табела: Барселона 54 (-1), Атлетико Мадрид 51, Реал Мадрид 50…

OhridNews