Општина Охрид во рамки на втората компонента од проектот „Зајакнување на општинските совети” во четврток на 6-ти декември 2018 година, ја организира третата форумска сесија од Форумот на заедници.

Концептите беа предложени и изработени од страна на седумте работни групи на Форумот на заедници, во кои има претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор. По повод организирањето на форумските сесии Општина Охрид ги поканува да земат учество сите граѓани со цел да го дадат својот придонес за транспарентно спроведување на процесот и избор на проект кој е од интерес за локалната заедница. – информира локалната самоуправа.
Проектите кои ќе бидат избрани од страна на Форумот на зедници ќе бидат финансирани со средства од UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.
Третата форумска сесија ќе се одржи во хотелот „Ривиера“ со почеток во 14:00 часот.
OhridNews











